Најдобриот македонски ракомeтар Кирил Лазаров во разговор за  „Јутарњи лист” и „Спортске новости” зборуваше за Нант, репрезентацијата и за плановите по завршување на својата кариера.

Лазаров вели дека и натаму не ја губи надежта дека Македонија можеме да ја видите на Мундијалот во Египет.

„Ни се надеваме докрај. Би било добро за младите играчи да бидеме таму, во мојот случај тоа не е клучно”, вели капитенот, кој додава дека има договор со РФМ да помогне колку што може.
Ветив во договор со федерацијата дека ќе помогнат колку што можам. Јас можам. На добар пат сме да обезбедиме Европско првенство, со две победи на стартот. Ќе видам по јануари во која насока тoa се развива и дали има смисла“, вели Лазаров, кој е во самоизолација, откако беше позитивен на Ковид-19, тој се чувствува добро.

По завршување на кариерата Кире ќе го гледаме како тренер.

„Дефинитивно го решив тоа. Вложувам многу во моето образование. Наскоро ќе добијам мастер лиценца за главен тренер по А лиценцата преку ЕХФ на тема „Анализа на натпреварите на Шпанија во финалето на Европското првенство 2020 година во Стокхолм”. Мислам дека по примерот од Жорди Рибера може многу да се научи. Сè оди по својот тек, не се наметнувам никому и не ми се брза. Знам што зборувам и што правам и важно е да изберам вистински момент за тоа. Шанси секогаш има, мислам дека тоа можам да го работам уште утре, но тоа не е суштината на тренерската работа“.
Играч денес, тренер утре – функционира ли тоа воопшто реално?
„Има се, освен правила. Има и размислувања од типот: „Не знам што ќе правам по играчката кариера, па ајде да бидам тренер, тоа единствено добро го знам”. Но, тоа не е така едноставно како што изгледа. Мора да се има добар темел, но без надоградување нема напредок. Секој има свој стил. Јас не сум човек од конфликти. Ако тоа се појави, јас бегам од тоа. Секогаш мислам дека постои начин на кој може да го презентирам мојот став како што сакам. Многу разговарам со Лино Червар и Чави Пасквал, кои ми се големи авторитети. Кога ќе дојде време сигурно ќе знам да одберам“.
*Целото интервју можете да го прочитате на официјалната „Фејсбук“ на Лазаров.