Скопје денеска ќе достигне 10.0000 активни случаи

22.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопје денеска ќе достигне 10.0000 активни случаи

Главниот град на земјава, Скопје веќе опасно се доближува до 10.000 активни случаи.

Вчера во Скопје беа регистрирани 9.854 активни случаи, и доколку бројот на новозаразени и денеска порасне со онаа динамика со која растеше досега, Скопје во текот на денешниот ден ќе достигне 10.000 активни случаи.

Бројот на активните случаи на нето основа во претходните денови во метрополата расте со по отприлика околу 200 нови случаи, како разлика меѓу бројот на новозаразените, и бројот на оздравените пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53.631, бројката на оздравени пациенти е 31.659, на починати е 1.487, а бројот на активни случаи изнесува 20.485. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 23612, активни 9.854, Куманово 3357, активни 922, Дебар 421, активни 86

Штип 2383, активни 533, Прилеп 2521, активни 998, Тетово 3447, активни 979, Струга 1.239, активни 392, Велес 1.695, активни 771, Битола 1637, активни 808, Охрид 1.362, активни 612, Кавадарци 1.030, активни 441, Гостивар 2047, активни 710, Гевгелија 638, активни 218 (45 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 115 на Богданци и 12 се странски државјани), Струмица 1.514, активни 591, Крива Паланка 381, активни 126…

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата