Секоја жена може секогаш да биде атрактивна и посакувана, без разлика на нејзината возраст. Основното правило како да го постигнете тоа е секогаш да изберете облека која најмногу одговара на вашата фигура, но и на годините.

Токму затоа денес ви откриваме, кои 5 работи, според светските модни експерти, дамите над 40 години треба да ги исфрлат од плакарот, а еве и зошто:

1. Тесни фустани

Без разлика дали имате затегната фигура, со која може да ги засените и 20-годишните девојки, сепак бидете внимателни при изборот на тесен дизјн, бидејќи истиот многу лесно ги открива и најмалите недостатоци. Затоа, најдобар и најелегантен избор би бил фустан кој ќе ја следи линијата на вашата фигура, но не да биде тесен или претесен.

2. Кратки здолништа

Дури и ако нозете на жената се супер затегнати и атрактивни, според модните експерти, дамите над 40 години во прекратки здолништа едноставно изгледаат невкусно. Ако истовремено, со краткото здолниште е комбинирано и премногу отворено деколте, тогаш ваквата комбинација е крајно лоша. Подбро е да изберете здолниште со должина малку над колената или малку под колената, со кое ќе изгледате далеку попривлечно.

3. Низок струк

На прво место, ваквите модели се неудобни за носење, а на второ место, не изгледаат убаво, ниту пак модерно. Нискиот струк лесно може да ве направи да изгледате непривлечно, со тоа што ќе ги наруши вашите пропроции. За дамите над 40 години, модните експерти препорачуваат дизајни со среден струк.

4. Искинати фармерки

Искинатите фармерки изгледаат модерно кога ги носат помладите девојки, за кои всушност е и актуелна таквата мода, но за дамите над 40 години, овој тип на фармерки изгледаат едноставно неприкладно и невкусно.

5. Црна боја

Црната боја можеби се смета за елегантна, но нејзиното постојано носење всушност може дамите над 40 години да ги направи да изгледаат само значително постари и да ги истакне несовршеностите на лицето. Ако не може да се откажете од вашите омилени црни парчиња, експертите препорачуваат оваа боја да ја комбинирате со други светли тонови, наместо да носите целосно црна модна комбинација.

Најчитани вести