Шалке повторно не победи. Така е веќе 24 натпревари по ред со што се приближува до апсолутниот  бундеслигашки рекорд. „Сините“ кои некогаш играа во ЛШ, се бореа за трофеи, сега се во ситуација да се спасуваат. Претпоследни се на табелата со само три бода (три ремија). Напаѓачот Марк Ут ги искритикува соиграчите по поразот од Волфзбург со 0:2.

Не можам веќе. Ми се плаче. По секој меч се чувствувам немоќен. Постојано доцниме со реакциите. Не влегуваме во дуели, не добиваме ни жолти картони, не знам како ќе победиме со таква игра. Да бидам искрен ние сме тим кој игра ептен лош фудбал. Исто така лошо се браниме. А на крајот тренерот излегува жртвено јагне. Тој ги трпи најголемите критики, а не е виновен“, изави Ут.