Мигел Оливеира првпат освои пол-позиција во Мото ГП шампионатот. Тој беше најбрз во квалификациите на Гран при на Португалија на патеката Алгарве. Возачот на КТМ Тех 3 оствари време 1:38.892 и за 44 илјадитинки беше подобар од Франко Морбидели. Трет заврши Џек Милер.
Од вториот ред ќе стартуваат Кал Крачлоу, Фабио Квартараро и Штефан Брадл.