МАЖИШТЕ: СКОПЈАНЕЦ фатен со 2,33 промили алкохол во крвта

15.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАЖИШТЕ: СКОПЈАНЕЦ фатен со 2,33 промили алкохол во крвта

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, велат оттаму.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 326 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 35, 24 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 67 санкции за неносење заштитна маска.

За управување под дејство на алкохол, пак, изречени се 18 санкции, меѓу кои и за двајца возачи со 2.33, односно, 1.93 промили алкохол во крвта. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата