Дефект ги остави Драчево и цело Долно Лисиче без вода

15.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дефект ги остави Драчево и цело Долно Лисиче без вода

Поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Киро Фетак“ 42 во населба Драчево, денеска прекинато водоснабдување од 09:45 часот до санирање на дефектот, ќе имаат дел од корисниците од неколку улици во Драчево и цело Долно Лисиче.

ЈП Водовод и Канализација-Скопје соопштија дека без вода ќе останат улиците „Киро Фетак“, дел од „Ратко Митровиќ“, „Герника“, „Антон Димитров“ и цело Долно Лисиче. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата