Приведени двајца лопови кои правеле ЛОМ низ Шутка

14.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Приведени двајца лопови кои правеле ЛОМ низ Шутка

Полициски службеници од СВР Скопје-ЕВР ОКР Чаир денес ги приведоа А.И. (18) и Ш.М. (26) од Скопје поради извршени 16 тешки кражби во возила на територијата на општина Шуто Оризари.
Тие со погоден алат ги кршеле стаклата од возачката страна на возилата и потоа одземале акумулатори, аудио опрема и други предмети. При приведувањето, пронајдени се дел од предметите и се вратени на сопствениците. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до обвинителството.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата