Ливерпул денес објави дека Вирџил ван Дијк ги скинал лигаментите на коленото и дека ќе има подолга пауза. Холанѓанецот се повреди вчера на дербито против Евертон откако Пикфорд имаше еден крвнички старт врз него. Холанѓанецот веднаш покажа дека не може да го продолжи мечот и беше јасно дека се работи за сериозна повреда.

Претчувствата се покажаа вистинити затоа што „црвените“ денес објавија дека Ван Дијк ги скинал лигаментите и дека ќе биде надвор од терените најмалку половина година.

По оваа вест, Мохамед Салах беше првиот кој на социјалните мрежи објави порака за поддршка на својот соиграч.

„Ти посакувам брзо закрепнување, голем човеку“, напиша Египќанецот.