Осејну Тиуне е млад фудбалер на Сошо кој денеска се најде на насловните страници на француските спортски портали поради нефудбалска причина. На натпреварот со Валенсиен во Втората француска лига Тиуне во финишот на мечот го гризна за образ голманот на Валенсиен Жером Приор.
Натпреварот заврши без голови но имаше многу тензија на теренот, а тоа го потврдуваат и 44 фаули (по 22 за секоја екипа). По последниот свиреж на судијата, играчите не се вратија во соблекувалните туку почнаа да се расправаат.
Тиуне му пријде на Приор кој беше во метежот и се чинеше дека сака да му шепне нешто. Но место тоа, го гризна за образот. Голманот на Валенсиен го оттргна насилникот од себе и се пожали на судијата. На образот имаше белег од забите на Тиуне.