Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и на Арсенал Дани Велбек е нов фудбалер на премиерлигашот Брајтон. Поранешниот англиски репрезентативец со „лебедите“ стави потпис на едногодишен договор, а доаѓа како слободен фудбалер откако го напушти Вотфорд пред неколку денови.

Инаку Велбек минатата година му се приклучи на Вотфорд меѓутоа имаше слаб ефект: три гола на 20 натпревари, а неговиот клуб испадна од најсилната конкуренција. Поради тоа „стршените“ мораа да се ослободат од него поради високата плата (100.000 фунти неделно).

Сега Велбек повторно е во Премиер лигата, во дресот со број 18 на Брајтон. Тој ќе се бори за место во нападот со Нил Мапеј, Арон Коноли, Флорин Андоне и новакот Анди Зеќири.