Столе и Валенсија претрпеа нов пораз, овој пат на гости кај Севиља

11.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Столе и Валенсија претрпеа нов пораз, овој пат на гости кај Севиља

Севиља стигна до значајна победа од 1:0 против Валенсија на „Рамон Санчез Писхуан“, во првиот натпревар од петтото коло во Ла Лига. Андалузијците до трите бода дојдоа со гол во завршницата од средбата.

Во првото полувреме немаше голови, а Севиља имаше поголема иницијатива и почесто се обидуваше да го загрози голот на гостите. Валенсија, пак, главно се потпираше на организирана одбрана и контранапади.

Одлуката падна во 81. минута, кога Севиља конечно ја скрши одбраната на противникот и стигна до водство од 1:0. Домашните потоа искусно го сочуваа резултатот до последниот свиреж.

За Валенсија ова беше нов разочарувачки резултат во лошиот старт на сезоната. Димитриевски го почна мечот на голот на гостите, но тимот на Карлос Корберан влезе во петтото коло со само еден освоен бод.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата