Мартин Богатинов излезе од изолација, односно не е повеќе позитивен на Ковид-19.

Тој се врати во тимот на Етникос, но денеска се најде само на клупата за резерви на неговиот тим во дуелот со Омонија.

Во екипата го немаше Јован Костовски, кој исто така имаше позитивен тест на Ковид-19, но и тој е негативен, и се очекува наскоро да биде во комбинација за својот тим. Го немаше во Етникос ниту Бојан Маркоски, кој беше негативен, кога двајцата негови сонародници имаа позитивни тестови пред три недели, и мораа да одат во изолација.