Лоботка му донесе триумф на Наполи

13.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лоботка му донесе триумф на Наполи

Тимот на Наполи ја искористи предноста на домашниот терен и пред своите гледачи вечерва во рамките од новото коло од Серија А, успеа минимално и со 1:0 да ја совлада Болоња.

Овој меч имаше два клучни моменти. По само седум минути игра гостите преку белгиецот Теате дојдоа до предност, но ВАР одлучи дека имало недозволена позиција, офсајд.

На ново возбудување од ваков тип се чекаше до 66. минута кога Станислав Лоботка реализираше за домашно водство, гол кој што подоцна се покажа како единствен на овој меч.

По четири одиграни меча Наполи има шест бода, додека пак Болоња ја чека очигледно тешка битка за опстанок сезонава затоа што досега освои само еден бод.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата