По неверојатниот пресврт во минатото коло против Дортмунд, ЦСКА за кого настапува Сара Ристовски дојде до нов триумф, овој пат на гости кај Брест од 28-30.

Екипата од Москва беше подобар противник во текот на целиот меч, на полувремето водеше со 13-17, а по одморот не дозволи изненадување, на крајот сосема заслужено се радуваше на четвртата победа во новата сезона со која е на лидерското место во групата Б.

Македонската репрезентативка постигна четири гола од пет обиди и беше меѓу најдобрите во составот на ЦСКА.