Нема крај на спротивставувањата на ставот на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино дека можно е да има продажба на Мундијалот на приватни инвеститори. По серијата откази за негова поддршка од најголемиот дел од ФИФА членките сега се огласи ни помалку ни повеќе туку самата Европска Унија. Преку својот комесар за спорт, Глен Микалеф.
Тој во разговор на Дојче веле, даде дециден став околу шпекулациите, најавите, и обидите на Инфантино да го продаде Мундијалот на приватни инвеститори.
„Тоа е одлука што зависи од националните здруженија и федерации. Се надевам дека тие ќе имаат можност да спроведат отворен процес во кој ќе можат да разговараат за овие прашања и да обезбедат одговорност и отчетност во врска со нив“ – рече комесарот па додаде.
„Мислам дека Етичкиот одбор е само ’хартиен тигар‘, но тоа е механизам што би можел ефективно да се искористи. Во рамките на оваа организација постои механизам што би можел да се употреби за негово отстранување. Па, зошто тогаш не ги поддржувате овие поплаки?“ – рече Микалеф.

