РБ Лајпциг го победи Аугзбург со 2:0 во Бундес лигата, а стрелец на првиот гол беше бекот Анхелињо. Дани Олмо продре по десната страна и нафрли, а Анхелињо со глава го совлада противничкиот голман.

А овој гол е интересен поради тоа што го реализира најнискиот играч на теренот. Со само 170 сантиметри Анхелињо беше најнискиот фудбалер на теренот, а успеа да даде гол со глава. Може да се каже дека тоа е поразително и фрустрирачко за одбраната на Аугзбург.

Во досегашниот дел од сезоната Лајпциг реализираше десет голови, а четири беа со глава. Од тие четири два се дело на Анхелињо. Можеби е низок но е снаодлив. Браво за Шпанецот.

И уште нешто. Лајпциг постави нов клупски рекорд со девет гостински победи по ред во Бундес лигата (вкучително и мечевите од минатата сезона).