Научни ФАКТИ ЗА ПЕНИСОТ кои, сепак, не сте ги знаеле

10.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Научни ФАКТИ ЗА ПЕНИСОТ кои, сепак, не сте ги знаеле

Има голем број анкети и истражувања за големината на пенисот, а поради тоа се занемаруваат други интересни и зачудувачки факти, кои сигурно повеќе ќе ве интересираат од големината и дебелината.

1. Зошто некои пениси имаат коска?

Пенисот е репродуктивен оган што не се наоѓа само кај цицачите и луѓето, туку и кај црвите и инсектите. Кај некои цицачи, како мајмуните и кучињата, пенисот има коска. Оваа коска овозможува брзо парење, а е важна и за животните кои се наоѓаат во опасно опкружување со конкуренција, како мајмуните кои се борат за женките. Според наодите, и нашите предци имале коска во пенисот.

2. Зошто мажите немаат коска во пенисот?

Со текот на времето, коската од пенисот на човекот исчезнала, а за тоа има неколку претпоставки. Најпрво, цврстиот орган пречел во исправеното одење. Исто така жените подобро можеле да ги препознаат здравите мажи преку ерекција, без помош на коската. Обично јачината на ерекцијата се поврзува со добра здравствена состојба, а доколку е слаба, причината може да се разни болести.

3. Екстремни пениси во царството на животните

Мажите го мерат пенисот во центиметри, но во светот на животните е поразлично. Најдолгиот пенис во светот е долг 3 метри и има дебелина од 30 центиметри, а му припаѓа на синиот кит, најголемиот цицач. Импресивен е и пенисот на еден вид школки, Pollicipes pollicipes, кои имаат пенис 5 пати подолг од нив.

4. Пенисот расте доколку се користи

Пенисот почнува да расте во пубертетот, а до 19-тата година ја достигнува крајната големина. Во староста, доколку се користи ретко, пенисот може да се смали. Доколку половите односи или мастурбацијата се редовни, ова се спречува и големината останува иста.

5. Природен лубрикант

Пред ејакулација, од пенисот излегува леплив и безбоен секрет кој е сличен како оној кај жените. Овој секрет, и кај мажите и кај жените, е како природен лубрикант. Некои истражувања покажале дека оваа течност не содржи сперматозоиди, но други покажале дека има мал број.

6. Брза ејакулација

Пенисот ејакулира со брзина од 17 километри на час. Тоа е слично како умерено возење велосипед. Но некои истражувања покажале дека некои мажи ејакулираат со брзина од 50 километри на час. Брзината е важна за спермата да влезе во вагината со што поголем притисок, со тоа зголемувајќи ја можноста за оплодување.

7. 50 литри сперма во текот на животот

Научниците пресметале дека мажите кои од својата младост, па до староста ејакулирале секој ден, исфрлиле 50 литри сперма.

8. Г-точка кај мажите

И кај мажите постои оваа ерогена зона, која се наоѓа на околу 5-7 центиметри под задниот отвор, на внатрешната страна од ѕидот во близина на простата. Ткивото на простата е испреплетено со многу нерви, па е навистина чувствително.

9. Пенисот може да издржи тежина

Силната ерекција значи и силни мускули. Светскиот рекорд за држење тегови со пенисот му припаѓа на Мо Ка Ванг од Хонгконг. Со долгогодишен тренинг, тој успева да издржи и до 120 килограми.

10. Траењето на ерекцијата е ограничено

Нормалната ерекција трае помеѓу 9 и 15 минути, без разлика што гледате на филмовите за возрасни. Потоа ерекцијата попушта и следува мал одмор, но може повторно да се врати.

11. Трајната ерекција е штетна за пенисот

Трајната ерекција е ерекција подолга од два часа. Тогаш веќе почнува да се појавува и болка. За оваа појава има две причини – премногу крв оди кон ткивото, или крвта не може да се врати назад. Воглавно, виновници се разните лекови или дроги. Доколку не се реагира во рок од 6 часа од почетокот на ерекцијата, ткивото на пенисот би можело да се оштети неповратно.

12. Зголемување

Тајландско истражување покажало дека доколку некој секојдневно го „влече“ пенисот, тој всушност може да се зголеми. Според истражувањето, пенисот можел да се зголеми и до 3 центиметри. Но доколку настане промена на внатрешната структура на органот, може да настанат проблеми при ерекцијата.

13. Зошто пенисот има „шев“

На долната страна на пенисот, веднаш под главата, се наоѓа таканаречен шев. Овој шев е всушност „женски“. Имено, до 7-мата недела од бременоста, гениталиите на сите ембриони се женски. Во 8-мата недела, телото почнува со лачење на машки хормони. Малите усни се затвораат, па таа линија останува видлива како шев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата