Се знае зошто МЛАДИТЕ МОМЦИ САКААТ ПОСТАРИ ЖЕНИ

10.10.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се знае зошто МЛАДИТЕ МОМЦИ САКААТ ПОСТАРИ ЖЕНИ

Многумина се прашуваат зошто токму некој млад маж би сакал жена која е релативно повозрасна од него. Но причини има, и тоа повеќе отколку што сте мислеле.

Како за почеток, постарите жени немаат изненадни емотивни испади како помладите жени, барем така тврдат мажите, што за мажите претставува многу помал притисок во врската. 

Заедно со тоа оди и сексот кој мажите велат дека е извонреден затоа што постарите жени се поискусни и секогаш имаат неколку трикови за кои помладите девојки сè уште не ни слушнале. Постарите жени знаат точно што прават и го знаат точниот начин како да го доведат мажот до лудило без да мора дополнително било што да објаснат.

Постарите жени се сосема задоволни од своето тело и воопшто не се опседнати со својот физички изглед, па така, секое играње под прекривката е потполно опуштено и без било каков притисок и проблеми.

За крај, она што кај младите мажи е и најважно – постарите жени знаат да ги ценат мажите и не се однесуваат кон нив како кон дете, што е можеби и најдобра причина за да се оформуваат вакви врски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата