Камерната опера „Помеѓу соништа и летови“ утре во МОБ

26.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Камерната опера „Помеѓу соништа и летови“ утре во МОБ

На 27 март  ќе биде изведена камерната опера „Помеѓу соништа и летови“, со почеток во 20.00 часот, на малата сцена во МОБ.

Делото е компонирано од Горан Начевски, диригент е Иван Еминовиќ, режисер Љупка Јакимовска, сценограф Зоран Николовски, костимограф Бранкица Јордановска, кореограф Маја Каревски, концерт мајстор Јане Бакевски, хор мајстор Јасмина Ѓоргеска, светло дизајн Нино Митевски, асс. диригент Катерина Стојковска.

Во улогата на ѕвездата настапува Александра Лазаровска Василевски, таткото е Дејан Стоев, патникот е Невен Сиљановски.
Учествува оркестарот на МОБ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата