Двата натпревари од Шпнакста Примера коисе играа во терминот од 19:00 часот не донесоа премногу голови. Всушност имаше само два, по еден на двата меча.

На мечот Атлетик Билбао – Кадиз каде што гостите мечот го завршија со два играчи помалку сепак, успеаа да издржат да не примат гол, да го сочуваат водството и да освојат злато вредни три бода со конечни 0:1.

Што е уште поинтересно, Лопез си постигна автогол и му подари водство на гостинот. Се случи тоа во 57. минута, и иако потоа домашните со сите сили се обидоа да се вратат резултатски, не успеаа да освојат ниту бод.

Од друга страна пак Севиља и Леванте на чело со нашиот Енис Барди во стартниот состав одиграа 1:0 со гол постигнат во судиското продолжение. Херој на домашните Ел Несири, кој погоди пред самиот крај, и буквално им одзема од раце бод на гостите од Валенсија.

Вечерва играат и Селта – Барселона од 21:30