Skip to main content
x

24 Sep 2020 - 19:40
redakcija
Статија

Фаик Болкиа, репрезентативецот на Брунеи, го напушти Лестер Сити и се пресели во португалскиот прволигаш Маритимо. Болкиа е најбогатиот фудбалер на светот бидејќи е син на Принцот од Брунеи Џефри Болкиа и внук на Султанот од Брунеите, Хасанал Болкиа. Нивното богатство се проценува на 20 милијарди долари.

Фаик е роден во Соединетите Американски Држави, но фудбал почнал да тренира во Англија. Бил во младинските екипи на Саутемптон, Челзи, Арсенал, Стоук. Во Лестер Сити минатата сезона играше за резервниот тим. Сега ќе се проба и во Португалија.

sportmedia.mk

Најчитани вести