Посебен сообраќаен режим утре и задутре поради посетата на словенечкиот претседател

24.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Посебен сообраќаен режим утре и задутре поради посетата на словенечкиот претседател

Mинистерството за внатрешни работи утре и задутре (петок и сабота) ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, поради официјалната посета на претседателот на Република Словенија, Н.Е. г. Борут Пахор на Република Северна Македонија.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата