Нова водоводна линија ф300 во општина Гази Баба

24.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нова водоводна линија ф300 во општина Гази Баба

ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на спроведување на технички активности кои се во насока на подобрување на водоводната и канализационата инфраструктура во град Скопје.

Во текот на оваа недела екипи на ЈП Водовод и канализација – Скопје, поставија нова водоводна линија ф300мм, во должина од околу 100м на потегот меѓу Универзитетот ФОН и „Мерцедес“.

Имено со поставување на оваа водоводна линија се отвораат можности и услови за продолжување и развој на водоснабдителниот систем во тој дел од општина Гази Баба.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата