Мартин Одегард е фудбалот на Реал Мадрид кој е позитивен на коронавирус. По враќањето од дуелот во Сан Себастијан сите играчи на „кралскиот“ тим биле тестирани, норвешкиот фудбалер не се појавил во тренинг кампот, неговиот тест е позитивен и тој е пратен во самоизолација.

Одегард одигра 69. минути против Сосиеад, тој ќе го пропушти мечот со Бетис. Шпанските медиуми пишуваат дека тренерот Зинедин Зидан го имал во своите планови уште во воведните минути од натпреварот.

Добро е познато дека Норвежанецот е екс-играч на тимот од Сан Себастијан, на дуелот во недела тој се поздрави со сите некогашни колеги, па прашање е дали заразил некој од нив.

Тој е прв случај на Ковид-19 во редовите на Реал Мадрид.