Во ГТЦ се издава дуќан без кирија, еве и зошто

22.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во ГТЦ се издава дуќан без кирија, еве и зошто

На социјалните мрежи се споделува оглас во кој се бара кираџија за дуќан во Градскиот трговски центар во Скопје, кој притоа нема да плаќа кирија. Иако изгледа нереално и необично, овој оглас е вистински.

Република стапи во контат со лицето чии телефон се наоѓа на огласот и открија дека дуќанот е слободен неколку месеци, откако пропаднал бизнисот на претходните кираџии. Сопственикот вели дека се изнадавал пари за одржување, а сега бара некој само да му го плаќа одржувањето кон ГТЦ АД кое месечно изнесува 12 илјади денари. 

Дека една земја е пред голема финансиска криза обично покажуваат нештата кои се обратно пропорционални на секаква економска логика.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата