Ново ѕверско мачење се случило деновиве во Скопје. Во Бардовци со импровизиран колец смртно е прободено кучето Дино, големата бела добрина, маалски миленик. Дино испуштал душа во рацете на странски државјанин кој го познавал и хранел, кој е во најмала рака во таков шок поради кој, сме убедени, дека нема никогаш да го заборави впечатокот од Македонија.
Кучето било прободено со колец во вратот е слика и прилика на нашата држава!
- Нудиме финансиска награда од 10 000 денари за сведоштво или доказ за сторителот на ова умоболие во Бардовци. Повторно потсетуваме, садистот способен за таков насилен акт врз невино животно е способен истото да го направи и на луѓе-велат во Анима Мунди.