Тетовските „црвено-црни“ утре во Романија против Ботошани ќе го одиграат мечот од 3. коло во квалификациите за ЛЕ. Непосредно пред официјалниот тренинг вечерва, тренерот Ернест Ѓока и капитенот Егзон Бејтулаи за медиумите зборуваа за очекувањата од утрешниот дуел.

Ернест Ѓока:  „Познато е дека имаме само еден натпревар во Европа и сме подготвени за противник како Ботошани. Велам дека сме сериозно подготвени, но нема да биде лесен натпревар. Ќе биде борба и мислам дека тимот што ќе направи помалку грешки на крајот ќе го добие натпреварот “.

Егзон Бејтулаи: „Низ домашното првенство се бориме да го заземеме првото место, а натпреварите од Лигата на Европа се дополнителен мотив за сите нас. Мислам дека Ботошани има добра екипа, ние максимално ги почитуваме, но знаеме дека Шкендија секогаш сака позитивен резултат. Ние сме во време на пандемија и невозможно е да имаме реванш натпревар и мораме да го одиграме натпреварот тука во Романија. Го анализиравме Ботошани и се подготвувавме максимално цела недела. Ние, играчите, мора да ги исполниме задачите што ни ги даде техничкиот штаб и мислам дека ако го сториме тоа, ќе можеме да добиеме позитивен резултат“.