Младата Месечина прави чуда: Утре направете ги овие 3 ритуали и гледајте како животот ви се менува на подобро!

16.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Младата Месечина прави чуда: Утре направете ги овие 3 ритуали и гледајте како животот ви се менува на подобро!

Време е да ја покренете лавината позитивни случувања и да го отфрлите сето она што ви е товар. Во четврток, 17 септември, во 13 часот почнува нова месечева фаза - Млада Месечина. Идеален период да воведете некои промени во својот живот, затоа што се што ќе почнете ќе резултира со успех кој ги надминува и најлудите очекувања. 

За максимално да ја искористите магичната моќ на Младата Месечина спроведете ги овие три ритуали. 

Поверувајте во невозможното

Ако сте ја загубиле вербата дека во вашиот живот некогаш нешто ќе се смени на подобро, сега е момент да ја повикате напомош космичката енергија. Застанете пред огледало, погледнете се во очи и кажете: 

- Во овој момент живеам во надеж, верувам дека ќе ми се случи она што е најдобро за мене

Кажете го ова уверливо, убедете го Универзумот дека навистина верувате во моќта на изговореното. Ако живеете во надеж дека нешто што одамна го посакувате конечно ќе ви се оствари, Универзумот ќе се потруди тоа да се случи. 

Заблагодарете му се на своето тело

Органите на кои влијае Младата Месечина кога ќе се најде во знакот девица се вратниот дел, грбот, грлото, гласните жици и штитната жлезда. Овој ритуал е во врска со афирмациите и законот на привлечност. Заземете пријатна положба и тивко изговорете:

- Го почитувам своето тело и добро се однесувам со него. Зрачам со добро здравје и благосостојба. Се хранам здраво. Изразувам благодарност кон своето тело затоа што е еластично, здраво, витално. Мојот ум и моето тело се совршено синхронизирани. 

Отфрлете ги нездравите навики

Младата Месечина е идеален момент да се ослободите од нездравите навики. Бидејќи оваа мена почнува во четврток во 13 часот, обидете се до петок во истото време да не консумирате алкохол, кафе, газирани пијалаци и тешка храна. Почнете го денот со чај од камилица или ѓумбир, а пред да седнете да јадете „понудете“ и го својот оброк на Младата Месечина. Затворете ги очите, мавнете со раката над чинијата и кажете: 

- Ти благодарам што ми овозможуваш да го поправам своето здравје!

После оброкот немојте веднаш да станувате од масата. Седете уште петнаесеттина минути и присетете се на убавите работи кои ви се случиле досега. Благодарноста е клуч за среќен, задоволен и исполнет живот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата