Екипата на Дрита пристигна во Скопје, и пред вечерашниот, воедно и официјален тренинг ја одржа и официјалната пред конференција. Тренерот на Косоварите, Ардијан Нухиу секако на Арената Тодор Проески се чувствува како дома, долги години е во Македонскиот фудбал, едноставно се му е познато.

„Мислам дека ќе биде доста тежок натпревар и ќе решаваат нијанси што се вели. Ние имавме три недели да се подготвиме за овој меч. Имавме само една контрола помеѓу овој меч и оној претходно. Што се однесува до Силекс мислам дека се работи за екипа која игра добар фудбал нема дилеми. Има доста добар старт на шампионатот, игра брз допадлив фудбал. Агресивен пред се. Играат тимски колективно. Респект секако за противникот, но ние имаме свои цели свои амбиции, играчите живеат за овој меч. Ќе дадат се од себе сигурен сум“ – вели Нухиу па додава.

„Мислам дека Арената воопшто не е предност за Силекс. Голема штета е што нема гледачи. Од проста причина што сигурен сум дека во тој случај и би дошле многу наши симпатизери. Во секој случај очекувам добар, квалитетен меч“ – додава Нухиу.

 

ЛИМАНИ: СИЛЕКС ФАВОРИТ НА ХАРТИЈА, НИЕ ИМАМЕ СВОИ ПЛАНОВИ

Од друга страна пак капитенот Адријан Лимани вели дека Силекс е фаворит на овој меч.

„Барем на хартија. Силекс е фаворит, но најмногу затоа што тука шампионатот е започнат, а ние сеуште не играме домашни мечеви. После Лигата на шампиони ние немаме никакви мечеви. Не секогаш сепак, фаворитот победува, и ние посакуваме секако триумф“ – вели Лимани.