Серхио Регулион, досегашниот играч на Реал Мадрид ќе го засили тимот на Тотенхем. Тој минатата сезона одигра фантастично за тимот на Севиља каде што беше позајмен но сепак, ниту тоа не беше доволно за да Зинедин Зидан го вклучи во своите планови. Решено е тој да биде продаден, а прв се пријави Тотенхем  и успеа да го доведе.

Трансферот е вреден 30 милиони фунти, а интересно е што тој беше многу блиску и до Манчестер Јунајтед но од ОЛд Трафорд не сакаа да потпишат договор со клаузула Реал МАдрид да има ексклузивно право во секој момент да го откупи Регулион. Тотенхем на тоа се согласи.