Туку што пристигнаа ковид тестовите во таборот на Ренова и одлични вести за нашиот претставник во квалификациите за Лигата на Европа кој утре во Скопје го игра дуелот против тимот на Хајдук.
Нема позитивни случаи и сите се подготвени за почеток на натпреварот.
Истото важи и за екипата на Силекс која го игра пак дуелот со тимот на Дрита од Косово. И кај Кратовци нема позитивни во целиот екипаж кој ќе се појави на дуелот
Ренова од 15:30 утре на комплексот Петар Милошевски ќе го дочека Хрватскиот гигант, додека пак Силекс на Арената Тодор Проески од 20:00 часот игра со Дрита.