ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГО ЈАДЕТЕ ГРОЗЈЕТО

15.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГО ЈАДЕТЕ ГРОЗЈЕТО

За грозјето се вели дека е еликсир на младоста, а така е затоа што може значајно да ги подобри менталните способности. Состојките на ова овошје можaт да ја зголемат циркулацијата на крвта до мозокот, со што се подобрува меморијата кај постарите лица. Овој лек на природата може да помогне и во намалување на крвните згрутчувања, лошите триглицериди, а има и својства кои поволно делуваат врз кожата. 

Еве неколку причини зошто треба да консумирате што повеќе грозје:

Грозјето е полно со минерали

Плодовите на виновата лоза содржат витамин А, Б и Ц, фолна киселина, ензими, фруктоза, глукоза, протеини и 13 минерали кои се важни за човековиот организам. Затоа ова овошје се препорачува како најдобра превентивa за чести болести и пореметувањa на здравјето.

Ја поттикнува работата на мозокот

- Се покажало дека со редовното консумирање на белото и црно грозје можеме да ја подобриме функцијата за помнење, меморијата и концентрацијата во голема мера, вели д-р Џон Хенвеј од Клиниката за истражување во областа на исхраната и здравје во Минесота.

Истражувањата покажуваат дека полифенолите кои се наоѓаат во семките од грозје можат да го намалат развојот на плак во мозокот, кој во медицината се поврзува со Алцхајмеровата болест. Имено, состојките на виновата лоза можат да ги неутрализираат слободните радикали и притисокот во мозокот. 

Ги ублажува болките

Црното грозје се препорачува кај лицата кои боледуваат од гихт или ревматоиден артритис бидејќи може да ги намалат болките кои се јавуваат како најчест симптом на оваа болест. Црното грозје содржи биофлавоноид познат како кверцетин. Грозјето е моќен антиоксиданс и благодарение на тоа и на витаминот Ц кое го содржи, ги ублажува болките во зглобовите и мускулите, но е добар и против алергии.

Го забавува растот на туморот

Научниците од универзитетот во Илионис тврдат дека ресвератролот од грозјето го забавува или го спречува растот на бенигни и малигни тумори. Истражувањата покажуваат дека ресвератролот го спречува или намалува растот на туморот во сите фази на болеста.

Го подобрува тенот

Предвременото стареење на кожата е една од последиците на делувањето на штетните сончеви зраци. Научниците, меѓутоа, тврдат дека флавоноидите откриени во грозјето можат да ги “поправат” оштетените ќелии на кожата и затоа препорачуваат да консумирате што повеќе грозје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата