Синот на Шварценегер го билда своето тело како татко му некогаш

15.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Синот на Шварценегер го билда своето тело како татко му некогаш

Арнолд го доби Џозеф со поранешната домашна помошничка на семејството, Пети Баен. Следуваше скандал и повлекување од медиумите, како и развод на славниот снагатор, но тој не се откажа од својот вонбрачен син.

Синот на Арнолд Шварценегер (72), Џозеф Баен (22), како и неговиот татко, се занимава со бодибилдинг, а фановите на Арнолд не можат да се изначудат колку неговиот вонбрачен син личи на својот славен татко, акциската sвезда и поранешен гувернер на Калифорнија.

Шварценегер не знаел дека тоа е неговиот син сè додека Џозеф не наполнил седум години и почнал сè повеќе да личи на својот татко, па Арнолд ги „сложил коцките“. Имено, тој го добил Џозеф со поранешната домашна помошничка на семејството, Пети Баен.

Баен и поранешната сопруга на Шварценегер, Марија Шривер (64) со која има четири деца, биле бремени во исто време, но наскоро се открила целата работа. Шрајвер поднела барање за развод, по што следувал скандал и полнење на страниците на медиумите. Арнолд кажал дека не се гордее со стореното, но дека го сака својот вонбрачен син и тајно плаќал алиментација откако дознал дека Џозеф е негов син.

„Најмалку сум горд на овој чин што го уништи моето семејство, но ги сакам сите мои деца“, искрено рече тој.

Четирите деца на Арнолд од бракот со Марија Шривер, наводно, не се во контакт со Џозеф Баен, вонбрачниот син на Шварценегер, но тој ужива да поминува време со својот наследник кој многу потсетува на младиот Арнолд.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата