Скопјани НЕМА КАДЕ ДА ИЗВАДАТ ИЗВОД, ниту друг документ од матично

11.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјани НЕМА КАДЕ ДА ИЗВАДАТ ИЗВОД, ниту друг документ од матично

Два дена по пожарот во зградата во центарот на Скопје каде е сместена и Подрачната единица на Управата за водење матични книги, скопјани не можат да ги добијат потребните документи.

На вратата стои лист на кој пишува дека на кој пишува: „Поради ислкучена електрична енергија и пожарот во зградата, шалтерите на матично и др. институции не работат“.

Ниту еден документ од матичните книги на родени, венчани и умрени не може да се извади од Управата за водење на матични книги.

Пожарот што избувна завчера во просториите на Министерството за животна средина не ги оштети просториите на Управата, но исклучената струја ја прекина работата во целата зграда.

Граѓаните кои одат да вадат документи се збунети и не знаат каде да се обратат.

Директорката на Управата само кратко ни објасни дека, поради прекинот на електричната енергија не им работи електронскиот систем за издавање на документи. За одговор кога ќе проработат, не` препрати во владината служба за општи и заеднички работи, но, директорот на службата не е достапен за информации, јави вчера Телма.

За разлика од државните институции, приватните компании кои се сместени во истата зграда, денеска работат, а електрична енергија добиваат од агрегат, јави Сител.

Во пожарот се оштетени шест канцеларии на Инспекторатот за животна средина и просторно планирање. Уништена е и архивата на Инспекторатот, но како што информираа оттаму, имаат електронска евиденција за документитe. Во пожарот се уништени и дел од канцелариите на вториот кат каде се наоѓа Медиумската информативна агенција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата