Шилегов штеди по ЦЕНА НА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ

11.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шилегов штеди по ЦЕНА НА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ

Да се штеди по цена на здравјето на граѓаните, тоа го може само градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Граѓаните се вратија на редовните обврски, ослободувањата од работа за родителите на деца до 10 години престанаа да важат, а автобусите се уште возат по саботен, односно редуциран возен ред.

Додека автобусите во градскиот сообраќај секојдневно се преполни, а во земјава секојдневно имаме над 100 заразени од коронавирусот, но и починати, Шилегов абер нема да пушти поголем број на автобуси за намалување на гужвите.

Поради ретките автобуси, гужвите се неминовни. Се поголем број на граѓани имаат потреба од јавен превоз, а бидејќи некои автобуси ги има еднаш на 30 или 40 минути, истите се преполнуваат, не се почитуваат протоколите, се седи дури и на седиштата на кои пишува дека е забрането, а се поголем број на граѓани бидејќи нема ни каде да седнат, стојат со што се создава уште поголема гужва.

Иако се повторува дека треба да се почитува растојание, во вакви услови сепак е невозможно.  Ваквиот возен ред се воведе во март кога започнаа забраните, во тоа време голем дел на граѓани работеа од дома, а престана да функционира и „Мој термин“ кој сега е активен. Сега се е поинаку, сега се функционира, освен автобусите на Град Скопје.

Ова што моментално се случува е недозволиво дури и во нормални околности, а уште помалку за време на пандемија, но за Шилегов не претставува никаков проблем. Тој смета дека автобусите се празни и дека треба да се штеди.

Шилегов вели дека фрекфенцијата на автобуси не е на тоа ниво за да се вратиме на стариот возен ред, а гужва според него има само во шпицот, но и тоа не е доволно да се загрижи за здравјето на граѓаните.

– Фрекфенцијата на сообраќај не е на тоа ниво за да се вратиме на стариот возен ред, а мораме да ги правиме заштедите во транспортниот систем, имајќи во предвид дека добар дел од трошоците паѓаат на буџетот на Град Скопје. Таму каде што приметуваме дека на дневна основа, на определени места има гужви во шпицот, тие линии се појачуваат, меѓутоа кога ќе ги видите автобусите, ќе видите дека тие се де факто полупразни, рече Шилегов.

Очигледно за Шилегов смета дека треба да се штеди на здравјето на граѓаните, оставајќи ги на милост и немилост секојдневно да си го загрозуваат здравјето, но и животот по гужвите низ градските автобуси.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата