Ѓopчепетровци ИЗЛЕГУВААТ НА ПРОТЕСТ!

10.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѓopчепетровци ИЗЛЕГУВААТ НА ПРОТЕСТ!

Откако по двонеделно игнорирање на нашите барања од страна на општината за ревидирање на ДУП СЗ 24 Јурија Дексион, за да се намали градежниот габарит и висината на зградите, ние граѓаните на населбата Дексион организирани во Иницијатива против урбано дивеење ќе излеземе на МИРЕН ПРОТЕСТ во:

– САБОТА (12.09) ВО 12ч. И ЌЕ ЈА БЛОКИРАМЕ ГЛАВНАТА УЛИЦА ЃОРЧЕПЕТРОВСКА, веднаш пред локацијата Јурија каде што ќе се градат овие згради !

Протестот ќе биде мирен и достоинствен, ќе се почитуваат сите заштитни мерки за Ковид 19, а неговата цел ќе биде испраќање порака дека условите за живот на граѓаните се пред парите и урбаната мафија!

Нашите барања мора да бидат прифатени и овој криминално донесен ДУП мора да биде ревидиран !

СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПРОТЕСТ ВО 12ч. ВО САБОТА !!!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата