ШИЛЕГОВ ЗАБОРАВИ ДЕКА ВЕТИ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ, па за догодина најави решение за хаосот кај Бит пазар

9.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШИЛЕГОВ ЗАБОРАВИ ДЕКА ВЕТИ ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ, па за догодина најави решение за хаосот кај Бит пазар

Долгогодишен хаос кај Бит пазар без решение. Узурпиран јавен простор, диви тезги, паркирани возила на возна лента, пешаци кои претрчуваат среде улица е секојдневната слика речиси во центарот на Скопје.

Иако градскиот татко, Петре Шилегов го најавуваше решението уште пред две години во 2018 година, сега во 2020 година вели дека му треба уште најмалку една година. Што ли правеше во изминативе две години Шилегов за да не го реши проблемот, за кој тогаш викаше дека има решение? Каде му избега решението кое го најави?

Имено, тој во април пред две годни рече дека хаосот кај Бит пазар кој што е долгогодишен проблем, мора да се реши, а Град Скопје решил да го уреди овој дел од градот.

– За таа цел на овој потег ќе се реконструираат троарите, постапка којашто веќе е започната, ќе се постават столбчиња и жардињери, ќе се уреди такси станицата, ќе се засадат дрвореди, ќе се реконструираат и осветлат пејзажите од булеварот кон старата чаршија, ќе се ослободат тротоарите од диво поставените тезги…, изјави Шилегов.

И толку беше од решавањето на проблемот. Се остана на овие зборови на Шилегов. Две години подоцна ништо не е променето. Сега Шилегов вика дека му треба најмалку една година и дека станува збор за посложена процедура.

– Во овој момент за да дислоцирате еден таков објект ви треба соработка помеѓу две единици на локална самоуправа, две министерства и најмалку еден до два инспекторати, вели Шилегов.

Толку и од решителноста на градскиот татко, сега се ретерира и се бара да се добие на време да се избегне решавање на овој проблем или да почне да се решава догодина пред локалните избори за собирање на политички поени. Во меѓувреме хаосот продолжува.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата