Русјаков

Војна

29.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Војна

Сега ќе напишам една реченица. Подолго време сакам да ја напишам. Веќе ја имам изговорено пред неколку мои пријатели. Реакцијата беше различна. Поглед преполн неверување. Првична вџашеност што преминува во насмевка. Коментари од типот: „Ма, дај не заебавај!“. И вам, на читателите ќе ви се види чудна таа реченица. Секако, ќе помислите дека сум одлепил. Во краен случај дека сум почнал да забегувам. Некои од вас ќе ми се смеат. „Уште една луда теорија на заговор“, ќе биде коментарот на повеќето. Како и да е, јас ќе ја напишам. Океј, еве ја реченицата!

Короната засекогаш ќе исчезне ако Џо Бајден победи на изборите.

Да ве оставам некое време да се соземете? Нема таква алатка во пишувањево. Знам дека не ви се верува што пишувам. Но јас навистина мислам така. Ако победи Бајден, нема веќе корона. Ќе исчезне среде некоја нова војна. Или терористички напад. Или нешто трето, ама совршено глупаво за на просечниот чипиран човек да му се сврти внимание. Оти тоа досега стопати е направено. И успеало.

Исчезнувањето на ковидот како проблем ќе се спроведе преку медиумите. Така е најлесно. Ќе исчезнат информациите за новозаболени лица. Ќе ја снема паниката што ја шират низ телевизиските вести. СЗО ќе замолкне. Коронавирусот ќе се третира како што се третира и сезонскиот грип. И полека сите ќе заборават. Ќе се занимаваат со тоа како Бајден ја бомбардира Месечината затоа што таму Марсовците дошле да спроведуваат диктатура. И, секако, чипираната јавност ќе сака да ти ја отсече главата ако ѝ речеш дека Марсовците не спроведуваат диктатура, туку го снимаат „Марсовец 2“ со Мет Дејмон.

Знам дека ви звучам налудничаво. Но само треба да почекаме. Ако победи Бајден, нема да има корона. Јас останувам на тоа. Иако има еден проблем. Јас никако не сакам да победи Бајден. Тоа значи дека не сакам да се докаже моето тврдење. Сеедно што откако го изнесов јавно, ќе ме исмевате. Никако не сакам да победи сенилниот Цо. Од една единствена причина.

Пред неколку дена воената индустрија јавно го поддржа Џо Бајден. Јас, од друга страна, сум убеден дека Трамп постојано беше напаѓан од „длабоката држава“ за време на својот мандат само затоа што ги прекина американските војни.

Ги враќа американските војници. И ете ги сега трговците со смрт, сите до еден, на страната на Бајден. Тоа е изборот. Или враќање на американските воени кампањи или никогаш повеќе бесмислени масакр-интервенции од САД. Или секојдневно мртви во пријателски оган или политика на ривалство во доменот на економијата и културата. Или детска невиност уништена како колатерална штета или конечно Американците да си го гледаат само сопственото гајле. Или одвратни војни во недоглед, водени за нафта и опиум или градење мир во мултиполарен свет.

Така ве донесов до она за што всушност сакам да ви пишувам. За војната. За мене не постои праведна војна. Ќе ме прашате, а војната за слобода? Војната за слобода доаѓа веднаш по војна за окупација. Затоа јас не ги делам војните на праведни и неправедни. Војната е безумна фаза. Како на духовно индивидуално ниво, така и на глобално, цивилизациско.

Деновиве читам различни коментари по социјалните мрежи. Турција и Грција пред војна. Сега ќе видат убаво Грците! НАТО му се закани на Лукашенко. Ај, да видам кај ќе бега диктаторчето! Америка пред граѓанска војна. Ако им е на Американците, нека видат малку како е по дома смрт да се рашетува!
Уф, луѓе што се палат на војни. Луѓе што ги возбудуваат окупации. Луѓе што повеќе водат љубов во своите мечти со воени алијанси, отколку со своите партнери.

Вклучете ги сите телевизори, има директен пренос на војна! Смрт меѓу две реклами. Милиони луѓе оставени без покрив над главата. Стотици илјади цивили убиени. Меѓу нив најмногу жени и деца. И уште десетици илјади деца останати сираци. Огромен број луѓе засекогаш осакатени. И зошто сето тоа? Врескаат за демократија, а убиваат за нафта. Се дерат за човекови права, а доаѓаат и ги одземаат од окупираните сите човекови права.
Па, може ли барем да не серете за тие човекови права, а?

Ја мразам војната. Кој за нож се фаќа, од нож умира. Така рекол Христос. Буквалистите сигурно многу се потсмеваат. Ама што па буквалисти оставиле зад себе корисно за човештвото? Јас војната ја замразив во пубертет. Околу моите акни и фрустрации врескаше босанскиот пекол.

Од телевизорите течеше крв, одекнуваа човечки вресоци. А луѓето? Луѓето се караа кој за кого е. Навиваа како да е фудбалски натпревар. Секој си имаше омилена страна во тој кошмар. Јас сето тоа не можев да го проголтам и сварам како да е нормална храна. Ме осакати. Ми се згади човештвото. Неговата безумност. А требаше веројатно само да се навикнам.

Никогаш нема да се навикнам на војна. Сеедно што крвта од ТВ-приемниците секојдневно тече. Сеедно што пискотниците на мајките што в раце ги држат своите мртви деца постојано преку ушите ми го касапат срцето. Јас нема да се навикнам на таа крв. На тие пискотници. Иако секојдневието ме демантира со својата суровост.

Што гледаше вчера?

Уф, човече, каква луда касапница во Сирија. „Хајнекен“ има нова реклама. По рекламите гледав малку бомбардирање на Јемен. Потоа даваа кратки интервјуа за новата сезона на „Сексот и градот“.
Господе, директни преноси на крвави колежи меѓу реклами за прашок и таблети за ерекција. Преведено меѓу редови, малку ти го переме мозокот, па директен пренос од пустините на смртта, тамам пред да заспиеш со ерекција. И ние сето ова го доживуваме како да е нормално.

И потоа се чудам кога возрасни луѓе што себеси се доживуваат за интелектуалци, ставаат профилни слики од знаме на воена алијанса. Затоа што е срамота да стави слика од Силвија Кристл. Ако ставиш слика од воена алијанса, сериозен си, во тек со времето. Слика со прекрстените нозе на Емануела те прави обичен дрк…, ај да не ја вознемирувам редакцијата.

Ете затоа, нема друга причина зошто ми се допадна владеењето на Трамп. Прекинува војни, враќа војници. Го прави она за што Обама доби „нобел“, ама продолжи да го касапи светот. Оти, нели, какво е расположението на светскиот полицаец (САД), така спие светот. Или сонува или се буди среде кошмарот на војната. Па, оној бре лудак Клинтон бомбардираше држава среде Европа за да го тргне вниманието на американската јавност од секс-скандалот во кој го фатија. Среќа што во Америка уште има слобода на говор, па Дејвид Мемет и Бери Луисон му направија филм.

(Александар Русјаков, Нова Македонија)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата