„Нероаѕурите“ се прв патник во полуфиналето на фудбалската Лига на Европа, откако вечерва во Дизелдорф славеа со 2:1 во четврфиналната пресметка против екипата на Баер (Л).

Се беше решено уште во првиот дел. Интер тргна фуриозно и со голот на Барела поведе уште во 15. минута. На втор го во мрежата на „фармацевтите“ се чекаше само 6 минути, па Лукаку по вторпат ја затресе мрежата на Баер (Л) и Интер обезбеди предност од 2:0.

 

Германците успеаја со голот на Каи Хаверц во 24. минута да намалат на 2:1 и со минимална негатива да заминат на одмор.

 

По паузата Интер пропути најмалку 3 убави шанси да постигне и трет гол, но завршниот удар секогапш беше проблем. Баер (Л) главно се бранеше и остана без реални шанси за успех. Во полуфиналето, Италијанците го чекаат победникот од дуелот меѓу Базел и Шахтјор.