Ливерпул го објави трансферот на левиот бек Константинос Цимикас од Олимпијакос.

24-годишниот грчки фудбалер потпиша долгорочен договор со англискиот шампион, но деталите не се познати. За новиот тим Цимикас ќе игра со број, 21. Износот на трансферот исто така не беше откриен, но беше објавено дека играчот ќе го чини англискиот клуб 13 милиони евра.

Цимикас минатата сезона одигра 20 натпревари во грчкото првенство, во кои стана автор на 5 гола и доби 4 жолти картони. Договорот со тимот од Пиреја важеше до летото 2022 година.