Пријателскиот меч помеѓу Зулте Варегем и Гент, заврши со тешка повреда на главата на голманот Сами Босут. Чуварот на мрежата на Зулте заработи фрактура на главата откако се судри со противничкиот напаѓач Џордан Ботака, и после тоа падна на земјата.

Изгуби свест и итно е пренесен во болница, а според првите информации заработил фрактура на черепот и потрес на мозокот. Босут исто така е подложен на дополнителни прегледи.

Клубот најави повеќе информации по деталните прегледи.