И во оваа сезона, поради квалитетот на тимот и буџетот, Шкендија влегува како апсолутен фаворит за освојување на титулата. Можеби мал минус е тренерот Ернест Ѓока, но тој оваа сезона мора да биде прв, тука нема дилеми, и мора да мине барем едно коло во квалификациите во Лигата на Европа, тоа е условот за некоја подолгорочна соработка. Сега се зависи од него, посебно ако се знае дека Шкендија има тим за такво нешто.

Ѓока синоќа во Штип, на “генералката“ потив Брегалница која неговиот тим ја доби со 2:0, покажа дека нема многу да експериментира. Се очекува формацијата да биде 4-3-3, или пак нешто слично. На голот на идеалниот тим на Шкендија ќе биде Захов, десно младиот Алити кој мора да игра поради правилото за играч до 21.година. Во стоперската линија се Бејтулаи и Кривак, иако и Садриу би можел да биде стартер, а тука е е Незири, кој е и десен бек. Мурати е десен бек, но ќе игра лев, а тука е и Мерџани. Како последен играч за врска би требало стартер да биде Дита,кој вчера го имаше своето деби во Шкендија. Со него во средниот ред се Алими и Тотре, се разбира се бара место и за Зејнулаи. Во нападот Ѓока најмногу доверба има во Ибраими, Дориев и Ахмеди, иако овој последниот би можел да игра нешто поназад  а место него да влетаат во стартниот состав Имери, Нафиу или Ес Сахал.

На овие играчи, тука се и некои помлади кои ќе ја чекаат својата шанса како супер талентираниот Дашмир Елези, би можел до крајот на летниот преоден рок да дојде уште лев бек, и тоа би било тоа.

Останува да видиме дали Ѓока ќе ја оправда довербата која ја доби од челниците на Шкендија, или пак ќе биде како во минатата сезона.