По пауза од 28 години, екипата на Антверпен го освои белгискиот фудбалски куп. Иако сезоната во првенството на Белгија беше прекината, а титулата му беше врачена на Бриж, фудбалските власти дозволија завршување на куп-натпреварувањето. Тука Антверпен  по 1992 година, конечно, повторно го крена куп-трофејот во свои раце и не му дозволи на Бриж двојна радост оваа сезона.

Вечерва на „Кинг Бадуин“ во брисел, одлуката за новиот куп победник во Белгија падна во 25. минута, кога Рафаелов (инаку поранешен играч на Бриж), ја погоди мрежата на Мињоле за водство кое се покажа дека е и конечен резултат на ова тврдо финале.

Бриж, кој е рекордер по бројот на куп-трофеи, остана на 11-те досега освоени. За Антверпен ова беше само трет куп во историјата.