Властите на Јужна Кореја го уапсија лидерот на религиозна секта поврзана со најголемиот кластер на коронавирус во оваа земја, јавува Би-Би-Си.

88-годишниот Ли Ман-хе, кој беше уапсен денес, ја водел религиозната секта. Повеќе од 5.000 нивни припадници, или околу 36 отсто од сите случаи на ковидид-19 во Јужна Кореја, биле заразени.

Властите го обвинија водачот на сектата дека крие информации за собири и контакти. Од сектата велат дека Ли бил загрижен за заштита на приватноста на членовите, но оти тој никогаш не криел информации од властите.

Досега во Јужна Кореја се заразени 14.336 лица, а 300 од нив починале.

извор: Makfax

Најчитани вести