Иако Кристијано Роналдо би сакал најмногу на светот во моментов вечерва да постигне пет гола против Рома и да го престигне Чиро Имобиле на листата на најдобри стрелци во Серија А сезона,а сепак  за тоа нема да има можност.

Роналдо вечерва нема да биде во составот на Јувентус, едноставно стручниот штаб реши да го одмори, и со тоа Чиро Имобиле кој што во моментов има 35 постигнати гола и официјално да се закити со титулата најдобар стрелец во годинешната Серија А. Роналдо ќе застане на 31, ќе мора да се задоволи со таа бројка, која со оглед на неговата возраст е импресивна.