Флавио Бријаторе во врска со 46 години помлада девојка

1.08.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Флавио Бријаторе во врска со 46 години помлада девојка

Бизнисменот и милијардер Флавио Бријаторе (70) повторно е заљубен, а неговата  избраничка е 46 години помлада од нег.

Италијанскиот милијардер се забавува со Марија Лудовика Кампано (24), која беше финалистка за мис Италија во 2014 година. Тој помина романтичен викенд со новата девојка на својата јахта во Сардинија.

Италијанските медиуми наведуваат дека се запознале преку заедничка пријателка и откриваат дека Марија е исклучително амбициозна дама, која студира мода во Милано и веќе има своја линија на костими за капење.

До неодамна медиумите го поврзуваа со 20-годишната студентка по право од Милано, Бенедети Боси, но се чини дека нивната врска не траеше долго.

Бријаторе беше оженет со Елизабета Грегорачи (40), од која се разведе во 2017 година. Тие беа во брак девет години и имаат син Фалко (10).

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата