Каков луд меч на „Мапеи“ во Реџо Емилија. Домашниот тим на Сасуоло одигра 3:3 против Јувентус иако во еден момент се издигна и имаше водство од 3:2. „Старата дама“ имаше сигурно водство од 2:0 по 12 минути игра (Данило и Игуаин стрелци), но потоа „зелено-црните“ со головите на Ѓуричиќ, Берарди и Капуто го свртеја резултатот на 3:2. Алекс Сандро поогоди во 64 минута за 3:3 и бод за шампионот кој сега ќе стравува за „скудетото“ затоа што Аталанта опасно им се приближи.

Јувентус има 77 бодови на чело на табелата, а Аталанта има 70. До крајот има уште пет кола.

На другите натпревари Несторовски остана на клупата во ремито без голови на Удинезе против Наполи, Рома ја совлада Верона со 2:1, а Фиорентина го совлада Лече 3:1.

Standings provided by SofaScore LiveScore