Ова е „Дино паркот“ за кој ШИЛЕГОВ ПОТРОШИ 350.000 ЕВРА!

11.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е „Дино паркот“ за кој ШИЛЕГОВ ПОТРОШИ 350.000 ЕВРА!

Трет ден по ред ги обелоденувам твоите матни зделки од криминален карактер и сето тоа преку Зоолошка градина Скопје и твојот директор Галетановски, му порача на скопскиот градоначалник Стефан Кирков.

За директороот на ЗОО додава:

Во животот освен рипка во аквариум не знае за друго животно, но нејсе, за тепачки по дискотеки врати – да, а и тоа е нели е способност и делењето флаери да те напраи директор на ЗОО, но таков му треба на Петре за да потпишува сè, па утре ќе му напраи пу-пу не важи и ти зема од колачето!!!

Kирков открива дека Шилегов склучил набавка вредна 350.000 евра во месец јануари за изградба и аквизити на Дино парк.

Сега покрај фоткиве да ви објаснам што е Дино паркот… Значи НЕМА изградба туку на територијата на ЗОО во еден дел има поставено метални диносауруси вредни 350.000 евра!


Кирков откри дека после неговите објави Шилегов го блокирал на „Фејсбук“, а дека ако бил чист можеше да му одговори на следните прашања: Г

Колку бездомни кучиња ке спасевме со овие пари?! Колку стационари ке изградевме ѝ ке немаше бездомно куче во Градов…. НО???
Не можеш толку да ме блокираш колку што можам да ти пишувам за твоите матни зделки секој ден Петре но види, еден ден, многу брзо… Ке си одговориш за се а јас пак ќе бидам таму за да те поздравам и да те потсетам дека не требаше така да работиш кримино!
И да, еве ја во фотки листата на потрошените половина милион евра на Петре, видете и сами и проценете…..
Одговорност ќе има, а вие размислете на 15ти дали заслужуваат овие доверба!!!!, порача Кирков.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата