Димитров јавно ШИРЕЛ ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРОТИВНИЦИ?! (ФОТО)

2.07.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитров јавно ШИРЕЛ ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРОТИВНИЦИ?! (ФОТО)

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ширел лажни вести кога јавно на телевизија тврдел дека вториот на листата на кандидати на опозицијата во изборната единица 5 Антонио Милошоски избегнувал да прими покана за на суд, пишува Експрес

За време на ТВ дуел во емисијата Само Вистина на Канал 5 Димитров пред десетина дена побара носителката на опозицијата во И. Е. 1 да влијае на Милошоски да ја прими поканата од која според него тој бегал.

Но според документите до кои дојдоа дел од медиумите ова тврдење на Димитров е лага затоа што Милошоски уште во април ја примил поканата за на суд за која зборува Димитров.

Претходно и самиот Милошоски изјави дека поканата ја добил одамна но Димитров досега не се извини за лажната вест.

Со лажните вести што ги шири Димитров се покажува дека тој е подготвен во јавноста да не ја кажува вистината за да постигне политички поени а притоа да не ја преземе одговорноста за искажаните лаги.

По објавувањето на поканата која Милошоски ја примил уште во април останува отворено прашањето дали Димитров е подготвен да им се извини на јавноста, на Силјановска и на Милошоски за грубата манипулација со поканата за на суд.

Инаку самата покана за Милошоски кој тој уредно ја примил е политички спорна затоа што иако за тој случај истрагата траела со години таа е испратена на два дена пред оргиналниот датум за предвремени избори 12 април.

 

Повеќе на Експрес

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата